Во шесте месеци годинава, најголемата банка во државата, Стопанска банка, остварила добивка од 8,1 милиони евра, за безмалку 30 проценти поголема од остварената во истиот период лани. Во исто време, во Kомерцијална банка регистрирале загуба тешка 6,5 милиони евра. Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба, која влијае врз натамошно влошување на кредитното портфолио и дополнителна исправка на вредноста на финансиските средства, која е двојно поголема во однос на истиот период лани. Иако остварената добивка пред исправката на вредноста бележи зголемување од 5,7 отсто во однос на истиот период минатата година, таа не е доволна за покривање на споменатата исправка на вредноста на финансиските средства.
Во шесте месеци годинава, најголемата банка во државата, Стопанска банка, остварила добивка од 8,1 милиони евра, за безмалку 30 проценти поголема од остварената во истиот период лани.
Во исто време, во Kомерцијална банка регистрирале загуба тешка 6,5 милиони евра.
- Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба, која влијае врз натамошно влошување на кредитното портфолио и дополнителна исправка на вредноста на финансиските средства, која е двојно поголема во однос на истиот период лани.
Иако остварената добивка пред исправката на вредноста бележи зголемување од 5,7 отсто во однос на истиот период минатата година, таа не е доволна за покривање на споменатата исправка на вредноста на финансиските средства - стои во коментарот на финансискиот извештај на Kомерцијална банка.
Во исто време и во Kомерцијална е регистриран раст на вкупните приходи ако се споредува со истиот период лани. Растот кај приходите на каматите е 3,2 проценти, а од провизии за 0,2 отсто. Зголемување на заработеното од камати за дури 11,4 проценти има и во Стопанска банка. Kај оваа банка е регистриран пад на приходите од провизии за два отсто. И во двете банки најголем трошок, односно расход, се резервациите за сомнителните побарувања.
Во извештајот на ТТK банка, пак, стои дека таа го завршила првото полугодие со добивка од нешто повеќе од половина милион евра, што е за речиси двојно повеќе од оствареното во истиот период лани.
- Остварената добивка пред исправката на вредноста е за 30,9 отсто повисока во однос на истиот период минатата година - стои во коментарот на финансискиот резултат од ТТK. И во оваа банка има раст на приходите од камати, за 21,5 проценти, а од надоместоци и од провизии за 2,6 отсто.
Во услови на зголемување на кредитната активност и подобрување на економскиот амбиент и другите банки книжат добри финансиски резултати. Ако се суди по податоците за првиот квартал, во добивка во првиот дел од годината ќе бидат и НЛБ Тутунска банка и Охридска банка.